Битолско минато

Со ПЕТ (ар) во ПЕТ(ок)

Петар Ставрев специјално за „Бабам Битола “

Многу објекти подигнати во минатото на Битола, повеќе ги нема. Останале сеќавањата, документите и фотографиите за нив. Едни од таквите се Црвената и Белата касарна изградени во периодот на Османлиското владеење. Пензионираниот професор по историја Максим Стојановски,

Професор Максим Стојановски

во својата книга „Стојан Везенков 1808- 1897“ пишува за животот и градителската дејност на овој мајстор- ѕидар и борец за ослободување на Македонија во втората половина на 19 век. Имено тој покрај другото регистрира дека Везенков ја проектирал и изградил Црвeната касарна за што добил и награда сабја од султанот.

Црвената касарна повеќе не постои, но останати се сеќавањата за неа. Стојановски при тоа се надоврзува на истражувањата од Радмила Момадиќ – Петкова која ги има публикувано и во Зборник што го издаде Заводот и Музеј.

Стојановски можне опстојно и темелно го обработува животниот и градителски пат на Стојан Везенков, но ние во текстот ќе ги регистрираме само неговите истражувања од градителската дејност, за што за неговиот преродбенички и револуционеен пат би ни требало далеку пообемен простор. Делото на Стојан Везенков било истражувано и од други историчари.

Стојан Везенков

Имено Максим Стојановски пишува дека Стојан Везенков бил роден во Крушево 1808 г., во Битола живеел 25 г. но престојувал и во десетина други градови во околните земји. Починал во Едеса, денешна Украина во 1897 г.

Црвената касарна во Битола

Црвената касарна била изградена во 1837 г. , продолжувајќи ја долгогодишната ѕидарско- градителска традиција на своите предци. Везенков станал царски службеник како архитект, а во бракот имал два сина и две ќерки. Зборувал турски, влашки, албански, грчки и се разбира македонски, движејќи се со доста влијателни луѓе. Црвената касарна која се наоѓала во близина на сегашниот Завод и Музеј Битола, се градела 6 месеци, а според Јове Парговски, од истата установа, таа била запалена и разрушена за време на Првата светска војна, во која настрадале и многу други објекти и куќи во Битола.

Везенков градел и други објекти, а заради своите големи заслуги во градежништвото (веројатно за Црвената касарна) подоцна бил одликуван и награден со сабја од Султанот, што претставувало голема реткост во тоа време. Подоцна Стојан Везенков се вклучил во ослободителното движење, во црковно – просветната дејност, револуционерната активност и бил организатор на востанието во Западна Македонија и Албанија во 1867 г. Давал придонес за отворање основни училишта во Македонија за школување на македонски деца во Србија, учествувал во повеќе војни, посебно за ослободување на Македонија, што е еден натамошен предизвик за подетално истражување на неговиот живот и дело.