Драги битолчани, по ланските впечатоци и позитивни коментари решивме и оваа година да го организираме турнирот. Датумот е 22.05 ( ден недела ) а почетокот е закажан од 10:00 часот на истата локација, на пешачката зона покрај река Драгор, од Рудо Јагне до првото дрвено мовче.

Правилата се исти, се игра во тим од двајца, на две добиени партии и со директно испаѓање. Овој пат, на ваше барање, ждребот ќе се состои од 32 тимови. Затоа да го споделиме овој настан, канете ваши другари и пријатели да учествуваат. Цената на учество е 400 денари од тим. Плаќањето може да се изврши електронски или директно на некој од нашите членови. За пријавување е потребно име на тимот и телефонски контакт. Пријавувањето се затвора на ден 16.05.2022 година.

*Го задржуваме правото на промена на ждребот поради евентуален недостаток на тимови. Во тој случај ќе бидат 16 тимови со правилото прв дојден прв услужен.
** Сите собрани средства ќе одат во хуманитарни цели.

За било какви прашања стоиме на располагање. Ве очекуваме! ♥️♠️♦️♣️

Ротаракт Клуб Битола