После трката во Тирнавос, Грција на ред дојде уште една даунхил трка овојпат во Костур, каде во досега најтешката конкуренција нашиот битолчанец Јовче Даскаловски, кој поради пад беше трет во Тирнавос, сега успеа да го освои првото место во категоријата single crown.

Другите членови од Екстрим Бајк тимот Ѓокан Бајрамов го освои 3то место и Тони Наковски 4то место. Во категоријата мини џуниор Бојан Јовчевски го освои 2ро место, а во категорија мастер Бобан Петковски 5то место.

За нивниот голем успех и мотивација за подобри постигнувања во иднина изразуваат голема благодарност до нивните поддржувачи и тоа :

1. Андреј Нашоку АНС ПЕЧАТНИЦА

2. Дани Консалтинг

3. Пекара Булевар

4. Болница Плодност

5. Transputec

6. Винарија Чифлик

7. Манаки Бар

8. Бимилк