Денес од запад постепено имавме зголемување на облачноста и во текот на ноќта кон недела ќе имаме локални врнежи од дожд претежно во западните предели на државава.
Во недела доцна попладне и навечер, а особено во текот на ноќта кон понеделник, под влијание на циклонска активност и на влажна воздушна маса од Медитеранот врнежи од дожд ќе има насекаде низ државава вклучувајќи ја и Битола и битолско…
Локално ќе има поинтензивни врнежи со што се очекува и позначително количество на воден талог, има услови и за ретка појава на грмежи.
Поради релативно високите температури, врнежи од снег ќе има само на највисоките планини во државава.
Поради јужното воздушно струење, на самиот почеток од следната недела ќе биде нешто потопло со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени, ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец.
Подготви: Славчо Попоски