ТРЕТА НАГРАДА ЗА СТРУЧЕН ТРУД ЗА ЕЛИЗАБЕТА АНАСТАСОВСКА ОД БОЛНИЦА „ПЛОДНОСТ“
На 47-мите октомвриски средби, научно стручен собир на лабораториски професионалци и санитарни техничари со меѓународно учество, кои на 11, 12 и 13 октомври се одржуваат во хотелот „Силекс“ во Охрид, тимот на Болница „Плодност“ повторно постигна големи успеси.
Медицинската сестра Елизабета Анастасовска, која е специјалист медицинско-лабораториски аналитичар, за презентацијата на својот стручен труд „Инциденца на предканцерогени промени на грло на матка-ризик фактор високо ризични ХПВ вируси и конизација како метод на лекување-наши искуства“, освои трето место.
Покрај презентацијата на стручниот труд на 11 октомври, Анастасовска беше дел и од работното претседателство на средбите. Во тимот кој ја претставуваше болница „Плодност“ на овие средби беа и вишата медицинска сестра превентивна насока Весна Балаловска-Илиевска и лаборантите Даниел Костевски и Аце Радовски.
Октомвриските средби се во организација на Сојузот на здруженија на медицински лаборанти и санитарни техничари на Република Македонија.