Екипата на Еурофарм Работник запиша прва историска победа во дебитантскиот настап во Лигата на шампионите. Денес, пред домашните навивачи во Битола го доби дуелот со Кокс (31-30) и ги запиша првите бодови во рамки од групата Ц.
Еурофарм имаше одличен прв дел, но во второто полувреме се почувствува заморот поради кратката ротација, па Кокс се врати во игра и битолчани мораа да одат до полниот плен во драматична завршница.
Евидентно беше отсуството на Стјепановиќ поради повреда, како и лимитираната минутажа на Јотиќ, но, сепак, Битола ја виде првата победа во ракометната елита по несреќните порази во минатите кола.
Повеќе на https://www.gol.mk/rakomet/eurofarm-so-golema-maka-go-nadigra-koks-za-prva-istoriska-pobeda-vo-lsh