МНОГУ РЕТКА ДИЈАГНОЗА ОТКРИЕНА ОД СТРАНА НА Д-Р РИСТЕСКИ
Нов случај ретка дијагноза е откриен во Болница „Плодност“. Едногодишно дете, кое што во нашата болница беше донесено со стомачни болки и кои траеле неколку денови, по прегледот извршен од страна на д-р Александар Ристески, дијагностициран е редок случај на интусусцепција, односно инволвирање на црево во црево.
Пациентот беше упатен на Хируршката Клиника во Скопје, каде по хируршкиот зафат се потврди дијагнозата на д-р Ристески и итноста од решавање на овој проблем заради неизвесноста и заканата по живот на малиот пациент.
Ова е многу редок случај ( case-report ) на дијагноза кој во Болница „Плодност“ може да се дијагностицира благодарение на стручноста на тимот на педијатри, неонатолози и ренгенолози.