Македонско српското дуо Стефанија и Владимир, се вклучи во одбележувањето на Меѓународниот ден на џезот 30 ти април со обработка на познатата српска песна. Имено „Добро утро џезери“ е џез импровизација во живо, со нов текст и аранжман на добро познатата песна „Добро јутро џезери“ од Бајага и Инструктори. Овој перформанс е посветен на Интернационалниот ден на џезот. „Со мала доза на иронија е создаден новиот текст, иронија кон моменталната состојба и односот кон џез музичарите на Балканот. Со надеж дека овој стил на музика ќе стане се поактуелен и позастапен во иднина, се опева со зборовите: „Добро вечер џезери, животот дојде, само импровизирај, сите џез ќе слушаат. Сите џез ќе слушаат“, ни истакнаа Стефанија и Владимир. Видеото е снимено во Welcome to Stefanija’s Music World, Анастасија Центар. Ова дуо се љубители на џез стандардите, па затоа од време на време споделуваат и преработуваат некоја нивна омилена песна. Целта им е, покрај нивната авторска музика, преку преработки, да ги зачувуваат вредностите на квалитетната музика, која едуцира, го изострува вкусот и поставува повисоко ниво на разбирање на самата музика. Македонско – српското дуо Стефанија и Владимир, ја издаде петта по ред композиција од нивниот албум, кој е во процес на создавање. Дуото е создадено во 2019-та година. Начинот на презентација е автентичен, заради искреноста и оригиналноста која се пренесува од секојдневието кон уметноста. Песните ги издаваат како синглови, на македонски, српски и англиски јазик: ,,Healer”, ,,Нешто”, ,,Од душата не ми бегаш”, ,,Snow” и ,,Ми фалиш”, а во процес на создавање се околу се околу 25 песни.

Целта на прогласувањето на Меѓународниот Ден на џезот е зголемување на свеста кај меѓународната заедница за вредностите на џез музиката како едукативна сила, алатка за промовирање на мирот, заедништвото, дијалогот и зајакната соработка помеѓу луѓето.

Песната може да ја слушенете на следниот линк:

Неда Маретиќ