Викендот кој помина нашите битолски мотокросисти извојуваа вкупно пет први места на овогодинешната прва локална трка од националниот шампионат на Македонија која се одржа во близина на Прилеп, Стато Лагово.

На трката имаше бројни натпреварувачи, мотокросисти од Турција, Бугарија, Романија и Италија.

Трки се одвиваа во вкупно 7 класи, а веројатно највозбудлива беше MX2 каде нашиот 15 годишен Антонио Дамјановски како дебитант во оваа класа во двете трки по одличната борба со турскиот претставник Батухан Демирол успеа да дојде до две победи, а во класите МХ 65 и МХ 85 како први извозија исто наши битолчани Стефан Ѓоргиевски и Огнен Тодоров.

Уште еден наш битолчанец Зоран Каранфиловски Ќаме го освои првото место на двете трки во МХ, додека Христијан Илиоски Кико издоминира во другите две трки класа МХ 1 освојувајќи го првото место. Второ место единствено освои нашиот сограѓанин Алексеј Стојковски во две трки од класата МХ 85.

Резултати
MX50
1. Нина Олури
2. Аслан Османпасаоглу
3. Поираз Бор – 40 поени

MX65
1. Ефе Окур
2. Хасан Хусеин Бас
3. Баркај Сарај

MX65 Национален шампионат
1. Стефан Ѓоргиевски
2. Митко Чавков
3. Михаил Мрчковиќ

MХ85
1. Огнен Тодоров
2. Алексеј Стојковски
3. Али Акафа

MХ85 Национален шампионат
1. Огнен Тодоров
2. Алексеј Стојковски
3. Стефан Мрчковиќ

MX2/MX125
1. Антонио Дамјановски
2. Батухан Демирол
3. Марко Регаљо

MX2/MX125 Национален шампионат
1. Антонио Дамјановски
2. Денис Николиќ гареја
3. Андреја Крањевски

MX
1. Зоран Каранфиловски
2. Секир Сенкалаучи
3. Ерај Есентурк

MX Национален шампионат
1. Зоран Каранфиловски
2. Милан Стојанов
3. Ангелче Стојковски

MX Senior
1. Слободан Ивчевски
2. Никола Георгиевски
3. Петрос Тансоусис

MX1
1. Христијан Илиоски
2. Гоце Томовски Георгиевски
3. Галип Аип Бајсан

MX1 Национален шампионат
1. Христијан Илиоски
2. Гоце Томовски Георгиевски
3. Васко Киров