Битола се наоѓа на раскрсница од големи меѓународни патишта, на местото каде уште во минатото се вкрстуваа најголемите трговски патишта на Балканот и затоа тој доби жиг на еден голем град со сите свои мани и одлики, од кои многу не се изменети. Од богатите караван-сараи не остана ништо, а во некогашните раскошни мермерни шадрвани крекаат жаби, а на густите прозорски решетки не се слуша повеќе мелодија од Исток. Едно минато е закопано и останаа само спомени и сеќавања.
Еден таков амам – купатило, кое одамна не е во употреба му дава на еден дел од периферијата на Битола изглед на стар азијски град. Купатилото е запустено но времето сеуште не го рушил амамот. Ѕидовите од старата зграда ништо не зборуваат и не би знаеле ништо доколку поколенијата не ги наследеле обичаите и начинот на живот како и своите предци. Зборуваа старите Турци со мирен глас во кој се чувствува жалост за убавото минато. Прошетавме покрај некогашните одаи од амамот со седестиот Абдула.
Амамот беше за беговите и устабашиите и нивните жени (хануми). Тие можеа во топли и мермени чекалници да донесат музика за да ги забавуваат додека се капат со топла вода помешана со мириси.Тепсии со кадаиф, баклава и локум биле наредени покрај миндерот, кој служел за одмор. Жените доаѓаа во петок и тогаш обично озборувале.Тогаш ги фалеле оние девојки кои требало да станат жени. И се кикотеле, пееле и озборувале, затоа што штом ќе излезеле од амамот никогаш повеќе немало да бидат заедно.„Решетките на срамот“, на прозорците ги криеле од погледите од улиците, а високите ѕидови од штици и плехови од разноразни комшиски погледи.
Во исто време додека во чистата и миризлива вода се капеле жените или беговите во котларата, амамот секогаш бил полн со сирачиња а најмногу во зимата.Тука сиромасите го поминувале времето за да се стоплат. Стариот Абдула сеуште се сеќава на последниот амамџија бегот Ахмед, кој бил добар во душата и дозволувал децата бесплатно да се топлат.
Со криење морале да доаѓаат за да не ги видат газдите, затоа што ако ги виделе ќе ги пријавел во полиција и ќе морале за казна да одлежат неколку вечери во ладниот и влажен затвор.Така им поминувало времето на овие несреќни деца кој биле жигосани, отфрлени од друштвата како „непосакувани деца“ кои немале право на живот. Овие деца знаеле и да се одмаздуваат. Ретко кое од нив немало зарѓана кама и ретко кое не било повредено.
Стариот Абдула се сеќава на приказната за „Џулханбеговите“- курири.
–Кога ќе дојдеше зимата тие боси трчаа кон амамот да се стоплат. Чекале обично мракот да се вовлече во улиците, за никој да не ги види. Се губеле како сенки, пратени од студениот ветар.
И таа слика се повторувала стотина години. Еднаш се заинтересирал еден човек за овие лица.Тоа беше султанот Гаври, поет, сентиментале и добродушен човек кој не ги трпел „лизисахаилије“. Султанот Гаври во своите песни пеел за овие „Џулханбеговите“, молејќи го друштвото да се грижи за нив. Но кој сеуште го слуша сентименталното пеење на султанот Гаври. Тие останале да го живеат животот на свој начин.Тие стално доаѓале во котларата на амамот и легнувале на пепелта. Затоа и го добива тоа име Џулханбегови, затоа што џул значи пепел а бег некоја врста на витез. Па така ова име им останало со векови.
Седиот Абдула се закашлува на пролетното сонце и со стапот чепка по местото каде некогаш биле мермерните шадрвани, шета со погледот по влажните ѕидови од големиот амам и ја продолжува приказната за овие деца. Абдула кажува дека за нив немоло работа.Тие можеле да бидат само љубовни курири на распуштените бегови.Тие биле гласници на љубовта, мали Купидони, валкани но сепак племенити. Писма не носеле, трчале и пренесувале само усни пораки. Овие мали Купидони биле често бистри и духовити.Тие можеле овие пораки да ги збогатат со убави ориентални фрази.
Абдула се сеќава дека и тој некогаш бил мал купидон, носел една порака. Се сеќава и на реченицата испратена до еден Бег: “Прекрасната Зулфија од Горно мало, ќерка на озбилниот и строгиот Тамас Бег,ти ја испраќа оваа најубава ружа од нејзините градини и поздрав со неа.“
Тие љубовни курири се враќале со уште поубави пораки во кои била измешана милоста на Алах и среќата од земјата и стравот од бесните бегови, затоа што само тие имале право на убави жени. Понекогаш биле и фаќани како пренесуваат пораки, тогаш биле носени во влажни подруми, па ги мачеле за да ја предадат тајната.
Малите курири никогаш не ги предавале тајните, затоа што тоа им била работа за леб. Тие упорно ќутеле и трпеле тешки маки за неколку парички кој ги добивале од овие пораки. Излегувале од тие подруми крвави и претепувани но никогаш не заборавале каде треба да ја однесат пораката за која ќе примеле награда. Тие само така биле наградувани, ако ја завршеле работата, а никогаш кога нив им требало помош
И јас бев „Џулханбег“ рече на крајот стариот Абдула, шетајќи со очите низ внатрешноста на амамот.
Љ. Стојовиќ
Весник „Политика“ 6 април 1941 година
Превод и текст Благојче Андонов, Битола стари фотографии.
Се извинуваме за грешки во преводот, целта ни беше да ја покажеме убавината на статијата.
(Дебој амам, еден од позачуваните бисери на ориентот во Битола, денес нажалост е колонијална продавница)