Хуманитарен повик за Хрватска!!!

Драги наши хумани граѓани!
Дијана Мицевска, Драгана Спасевска и Марјан Героски покренаа акција за донација и помош на жителите на погодените места од земјотресот во Хрватска. За акцијата е известена Хрватската амбасада и Хрватскиот културен центар во Битола, со тоа што се известени сите потребни институции. Во акцијата се вклучува и хуманитарната организација “СВ. СПАС” на отец Оливер. Многу семејства се сместени во кампови и за жал ќе бидат подолго време таму бидејќи за да се обноват домовите потребно е време. Бидејќи ова ќе потрае потребна им е ПОМОШ. Затоа ги повикуваме сите граѓани и фирми кои сакаат да се вклучат во помошта да ни се придружат.
Во нашиот град поставени се колички за донација во следните маркети:

-БЕКОМ МАРКЕТИ
-АНГРО МАРКЕТИ
-СВ.ТОМА
-МАРКЕТ “БОНО” ВО КРАВАРИ
-МАРКЕТ “ШАРКОВСКИ”-БУКОВСКИ МОСТ
-МАРКЕТ “КАЈ ЗЛАТЕ”

ДА НАПОМЕНИМЕ!!!

Потребно е: ХРАНА, ВОДА, ХИГИЕНСКИ ПРОДУКТИ,БЕБЕШКА ХРАНА, ПАМПЕРСИ, ПОТРЕБЕН Е И ПРИБОР ЗА ЕДНОКРАТНА УПОТРЕБА (поради ковид протоколите) ќебина, вреќи за спиење и други намирници.

Секој кој сака може да ни се придружи да им помогнеме на нашите браќа и сестри од Хрватска може да не контактира.
СО ГОЛЕМА ПОЧИТ, ОД СРЦЕ ВИ БЛАГОДАРИМЕ.

Дијана Мицевска 078 349 745
[email protected]
Драгана Спасевска 076 478 027
[email protected]
Мариан Героски 075 939 207

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here