Државниот архив и одделението-Битола, во соработка со Интернационалниот фестивал на филмска Камера “Браќа Манаки”, организираат изложба што ќе биде дел од официјалната програма на 42-то издание на овој фестивал. Изложбата насловена Mementos/Спомени, ќе биде поставена во НУ Завод и во Музејот на Битола, од 17 до 24 септември 2021 година, во согласнот со утврдените здравствено-безбедносни владини мерки и протоколи.

Поканата изгледа како разгледница, фото Браќа Манаки

Изложбата ќе содржи дел од богатиот архивски фонд на браќата Манаки, што се наоѓа во Државен архив – одделение Битола, а во кој се вбројуваат нивни приватни документи, материјали, предмети и фотографии.