Битолчани можеа да видат необична изложба. На Офф-програмата на Манаки беа претставени скулптури изработени од отпад.
Иницијативата „Мети си со класнето“ под менторство на Марија Магдалена Петковска Микаровска, во соработка со две професорки по ликовна уметност направија од ништо-нешто, или како што самите велат From Trash to Treasure.
Иницијативата е поддржана од Божиновски часовници, Центар за култура-Битола и ИФФК „Браќа Манаки“ и на присутните им беа претставени 40 скулптури, меѓу кои бидермаер, камера 300, роботи, згради и други мошне креативни инсталации, кои во некоја друга форма би завршиле на отпадот во Мегленци.
Камера 300, изработи Анкица и раскажа дека е изработена од стари автомобилски делови.
-Висока е 1.50 cm, направена од стари делови од автомобили (вклучувајќи и регистерски таблички од времето на Југославија). Цели два дена ги чистевме пред да ги претвориме во уметничко дело, рече професорката Анкица Стевановска.
Бидермаерот е дело на Дијана Колонџоска која ја раскажа приказната за уникатниот детал на секоја свадба, кој овојпат ќе се предава од генерација на генерација.
-Направен е од рециклиран накит од гостите присутни на една уникатна свадба. Значи не секогаш прескапите бидермаери изработени од увозно цвеќе се и најубави, рече авторката.
Овие ученици синоќа на ѓубрето му дадоае душа. Посетете ја изложбата и доколку на некаков начин ве инспириравме да бидете поштедливи, покорисни, покреативни и подобри кон околината, бидете! Не чекајте некој друг да е примерот, бидете токму вие тоа што го очекувте од другите!
Текст Љубица Ангелкова
Фотографии Диоген Хаџи Коста Милевски