Овој кекс, освен тоа што изгледа добро, е одличен и на вкус! Светлиот дел содржи изварка, а зелениот дел содржи спанаќ.

Состојки

4 јајца
200 мл јогурт
50 мл масло
100 г пченкарно брашно
150 г бело брашно
1 лажичка прашок за пециво
малку сол и сода бикарбона
250 г солена изварка
30-40 лисја спанаќ

Подготовка

1. Се матат јајцата со миксер.
2. Додадете го јогуртот и маслото.
3. Додадете го брашното, прашокот за пециво, малку сода бикарбона и сол. Промешајте добро и поделете ја смесата на 2 дела.
4. Спанаќот запржете го да омекни и испасирајте го.
5. Во едната половина од смесата, додадете ја изварката, а во другата испасираниот спанаќ.
6. Во намастено тркалезно тавче, прво истурете дел од зелената мешавина во самата средина на тавчето. Потоа, истурете малку од другата мешавина, исто така, во центарот. Продолжете наизменично додека не ги потрошите двете смеси.
7. Ставете ја тавата во загреана рерна и печете околу 35-40 минути на 180 степени.

Комбинирајте го солениот кекс со јогурт или кисело млеко.