Ако треба и Битола да има некоја населба како Водно, јас би рекол дека Битола веќе има, а тоа е Брусник и Брусничката населба, СЕ РАЗБИРА БЕЗ ЛАВЦИ И ДИХОВО (хахаха). Јас обично турам бензин во колата од ЛукОил кај Стрелиште то е на другиот крај од градот, а штом го наполнам цел резервар го рестартирам и километражо. А сега брзо заминав одма за Брусник, ко стигнав до мојата куќа имав напраено 8.1 киломерат, па ви се молам, кое село е толку блиску до градот ???

Истражувањата говорат дека ако слегваш од Брусник имаш 30мин. одење пешки до центарот на градот, за нагоре до душа треба малку поќе околи 1 сат, а ако одите со Андреј Ѓошев или со Иванчо Јовановски 3 сати, со се паузите за ужина.

Во Брусничкиот регион е се поинаку, мажите се позгодни, жените поубави, мажите се џентлмени, жените дами, мажите се посилни, жените најнежни. Постои една поговорка која вели: “ Ако видиш некое дете или чупе, поубо од другите, слободно прашај го/ја дали е од Брусник.”

Фото од Брусник на Битола Инфо

Дали е од воздухот или сонцето пушта поинакви зраци , како сакате речете таму е поинаку, посебно. Недостатокот се осеќа во зима, кога паѓа снег и кога освен со ратрак или хелихоптер со друго возило тешко можиш да одиш таму, а исто така проблем се и овие таксистите, претерват жими чупето, за да излезиш ко чоек и да се вратиш во Брусник или Брусничка населба, ти требат 1000 ден. во овие пари влегват и 5кг вино и 30 кебапи, “ПИЈАТ БРАТ ОВИЕ КРЕПАТ, МАЖИШТА СЕ “. Поздрав до сите и не очајувајте, никој не е совршен, НЕ МОЖАТ СИТЕ ДА БИДАТ БРУСНИЧАНИ !!!

Xaxaxa 😆SPECIAL EDITION 😆

Виктор А.К.А. Башлак (Посветено до сите Брусничанки и Брусничани )