Со мала негатива голови од 27:31 Еурофарм Пелистер е поразен во Битола од екипата на Мешков Брест

од August 21, 2021 0 коментари

Екипата на Еурофарм Пелистер се наоѓа пред елиминација од СЕХА-лигата, затоа што доживеа висок пораз (27-31) во првиот натпревар против Мешков Брест во рамки на четвртфиналето кој се одигра во Битола.

„Зелените“ цел натпревар бркаа негатива и ниту еднаш не беа рамноправен ривал со противникот од Белорусија. Голем проблем се имаше во нападот, каде шутот не функционираше поради корпулентните дефанзивци, а се забележа и доста тврда и агресивна игра. Судиите имаа доста работа, доказ за тоа се трите црвени картони кај двете екипи.

Извор и повеќе на ГОЛ.МК

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *