Лоциран во центарот на градот Битола. Хотелот е градба од историско значење и е културно историски споменик, заштитен од Министерство за културно наследство.

BITOLA TOUR GUIDE / ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА _____________________________________________________________________________________

Пред околу 150 години оваа градба беше резиденција на Романскиот конзул и канцеларија на Романскиот конзулат. Уште од средината на 19 век, познатиот романски писател публицист и политички деец Димитрие Болинтанеау при посетата на Битола ја застапувал тезата дека Власите од Македонија се дел од Романскиот народ. Меѓутоа Романија е меѓу последните држави што побарала право од Турција, во 1895 год., да отвори дипломатско претставништво во Битола. Од страна на богатата влашка заедница која започна да ја населува Битола во почетокот на 19 век е купена голема парцела од околу 1000 м2 каде сега се наоѓа познатото битолско Влашко маало, каде се едни од најубавите жолти куќи кои се надалеку опеани низ народните песни и преданија.

*Првиот претставник на романското дипломатско претставништво во Битола бил конзулот Константинеску. За време на Илинденското востание, на чело на Романскиот конзулат бил дипломатот Падеану, а наредната 1904 год., должноста Конзул ја извршувал Александар Емануел Лаховари. Во 1905 год., на чело на Романскиот конзулат бил Конзулот Концеску, кој меѓувремено бил унапреден во Генерален конзул, во 1907 год. Како Генерален конзул во Битола е конзулот Пенуеско, кој останал до јули истата година, кога заминал за Генерален конзул во Солун. Заменет е со Конзулот Константин Барлеану, кој пред тоа бил Конзул во Јанина.

Објектот се наоѓа во близина на строгиот центар на Битола на ул.Белградска б.б.и е од типот на јавни објекти. Архитектонски е решен со визба, приземје и кат. Бил изграден за румунско училиште, а покасно бил даден за користење на Романски конзулат.

Монументалност на објектот му даваат дводелните мермерни скали уоквирени со дорски столбови и тимпанон над сите.
Хотелот е комплетно реставриран во 2004 година, а во 2018 е комплетно реновиран.

Хотелот е омилен кај дипломатските тела, културно уметничките асоцијации и институции и кај љубителите на квалитет и луксуз. Хотел Амбасадор Битола е поим за квалитет, просторност, гостопримство и љубезност. Хотел Амбасадор е уникатен Бутик Хотел, со среден капацитет на гости, но со огромна душа и енергија.

*Извадок од публикацијата – Конзулска Битола на Никола Миновски

Приказната е дел од проектот Раскажи ја својата приказна…

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here