Некогаш омилената дестинација за фамилијарниот неделски ручек и прошетката во природа на многу Битолчани, а денес само рушевина и депонија на рѓосани железа, на кои прашање е на време кога некое од децата што си играат ќе се повреди…

Револтиран сум, затоа што се сеќавам на чичкото со една рака кој го служеше највкусниот планински чај. Се сеќавам на многуте безгрижните детски денови кои ги поминувавме трчајќи на тревникот пред самиот дом. Се сеќавам на… на радост.

Револтиран сум, затоа што ова може да се случува само во Битола.

Револтиран сум, затоа што и оние малкуте што сакаја доброволно да помогнат ги запревте.

Ретко доаѓам во Битола, а уште поретко Копанки бидејќи на секое доаѓање и двете места ме исполнуваат со тага и револт.

Не ретко, на некое мое доаѓање некој познаник ќе ми речи:
– Ама признај, нигде во светот нема како дома.
– Нема пријателе, затоа никогаш не би се вратил овде.. ќе си помислам во себе… а него ќе му се насмевнам и ќе му потврдам дека е во право.

Иван Јовановски во Битолски Проблеми