По долгиот период со врнежи, студено време и со честа појава на невремиња од денеска па во следниот период започнува период на значително потопло време кое веќе ќе наликува како на рано лето, а токму ова е поради продорот на значително потопла воздушна маса која продира од југ кон нашите предели од Европскиот Континент.

Времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе започне да дува и јужен и југоисточен ветер кој особено утре ќе биде засилен на интензитет на повеќе места низ државава.

Денес попладне повторно се очекува нестабилна облачност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално не се исклучува можноста и за локална појава на град.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени, за Битола до 26, додека во централните и во југоисточните предели истите во текот на следниот период можно е да се искачат и до 30 степени а УВ ИНДЕКСОТ ќе има многу висока вредност и ќе има коефициент 9.
Да напоменеме дека во следните денови поради јужното и југозападното воздушно струење од Сахара кон нашата држава повторно ќе се врши транспорт на прашина и на песок. Сепак и покрај ова студените денови завршија со што можете да уживате во многу потоплите денови и покрај нестабилноста која ја очекуваме.

Подготви: Славчо Попоски