Најголемиот проблем во областа на патниот сообраќај во град Битола е нарушениот квалитет на асфалтната маса со која е покриена скоро секоја улица во градот, освен дел во Буримечка и населба Баир. Една од поголемите причини за навремено реагирање е потрошувачката на делови за предница на ПМВ и тоа најразлични јабучици, зглобови и стабилизатори кои во зависност од моделот на возилото чинат и до 1000 евра.

Како една од мерките за намалување на непродуктивните трошоци за битолчани, Градот Битола во 2021 година за прв пат во Република Македонија и во светот, ќе воведе субвенционирање на граѓаните само на град Битола (бидејќи околните села имаат подобри улици) во замена на нивните постоечки возила со оф роад џипови 4х4.

Дополнително, Градот ќе започне со доделување на субвенции на граѓаните на градот за купување и на градежни машини, асфалтни бази и други современи уреди за крпење на дупки на улиците, нивелирање на шахтите за самите граѓани да дадат дополнителен придонес не само во подобрување на квалитетот на улиците во Битола , туку и во намалување на незадоволството од секојдневнито менување на предница, кое е многу влијателно меѓу битолчани според препораките од истражувањето на Институтот за среќно живеење и неговото истражување “Само добри џипови за среќни граѓани” .

Една улица нема салам во градо, а тоа најдобро го чувствуваат возачите на автомобили со 17 и 18-ки бандаши. Во последните три години имаме и конкретен проблем т.е. застој во обновата и асфалтирањето на неколку улици во градот. Завлече нога ул. Климент Охридски, сега е Илинденска и Партизанска. Зошто да чекаме повеќе од шест месеци да се направат две, три стотини метри кога можеме слободно да си ги поминуваме со џип, беше реакцијата на битолчанецот Митре Георгиев претставник од невладината “Оф мори мајко во 21-от век” . Со задоволство ќе го субвенционирам мојот трабант од ’78 од кого имам спомени уште од времињата кога со него точно две фамилии одевме на плажа во Претор.

Субвенционирањето треба да започне од месец Март во 2021 година. Доколку не помогне и оваа мерка во план е и набавка на возила гасеничари.


Текстот е измислен и е за забава на пошироката народна маса, но е инспириран од реалното секојдневие на битолчани со вистински личности и доживувања.