“Кажи нешто драга, па макар и лага”, рефренот кој стално се потпевнува е текст на битолчанецот Ѓоко Георгиев

од October 21, 2020 0 коментари

Популарната македонска песна “Кажи нешто драга“ од Драган Мијалковски е напишана во 1976 година од авторот Ванчо Димитров, кој во една прилика откри дека мелодијата ја работел два-три месеци, а потоа го замолил Ѓоко Георгиев да му напише текст.

– Му напоменав дека желба ми е песната да ја пее Драган Мијалковски, кој во тоа време беше најголемата македонска ѕвезда во Југославија. Му ја пеев десетина пати, Ѓоко слушаше внимателно и одеднаш му излета сега веќе познатиот хит: „Кажи нешто драга, па макар и лага“. Другите стихови за песната беа релативно готови – откри композиторот за Женски Магазин.

Мијалковски ја отпеал истата година на Скопскиот фестивал и победил убедливо според гласовите од публиката.

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *