Тој е идеja за музика ќе речат добрите познавачи во оваа бранша.
“А кога планирате музички проект кој сакате да даде длабочина на тонската пораката и мудрост која ќе зрачи преку своите музички фрази, тогаш прв од своите пријатели на Jazzna & friends го поканувате Оливер Јосифовски на кој му ја давете довербата да биде човек кој ќе стои зад уметничко-музичкиот именител на еден голем концерт”- ќе изјави Јасна Димитровска познатата битолска вокалистка која трета година по ред е асоцијација на новогодишниот џез концерт.
Оливер Јосифовски, роден е во Битола.
Музика учи, што во семејството како долги години музичка семејна традиција, што во нижо музичко во Битола.
Завршил во музичката конзерваторија, Панчо Владигеров во Софија, на отсекот Џез музика, инструмент контрабас.
Каде што добил награда, за продолжување на школувањето во Америка, во Berklee school of music.
Магистрирал на факултетот за Аудио Визуелни Уметности ЕСРА Скопје Париз Њу Јорк, Применета музика, Филмска и театарска музика.
Автор е и работел на голем број на театарски претстави, во Македонија, Грција, Турција, Бугарија…и како резултат на тоа, соработувал и сретнал режисери што се од големо значење. Со тоа остварил голем број на фестивалски гостувања, низ цел свет.
Работел музика за филм,документарен филм, анимирани филмови и музика за балет.
Во моментов работи, на музиката на нов македонски игран филм.
Настапувал на повеќе музички фестивали, со музичари од цел свет,како на пример на Милениумскиот концерт во Софија, со Најџел Кенеди …и други.
Неговиот опус на снимени албуми изнесува 12 албуми и компилации со групата Љубојна, како музичар идеолог и продуцент
2 албуми со групата Фолтин,
Преку 20 џез изданија, од домашната и светската џез сцена.
Во моментов предава контрабас на Универзитетот во Штип, на академијата Гоце Делчев, при факулетот за Џез музика.
На 26 декември на овој концерт, Jazzna & Friends со Божиновски часовници и накит носат редица извонредни македонски музичари.
Еден од нив е Џон Илија Апелгрин најпознатиот џез-вокал во Македонија во последните 30 години.
На листата музичари од овој новогодишен џез концерт “Приказна за еден град” на Jazzna & Friends се Дамир Имери, Славчо Коцев, Ади Имери, Сенад Хусеин, Рики Трајановски и Демир Кантуровски кои ќе направат вистинска џез бајка од познати кавери изведени во џез манир.
Битолската публика веќебара карта плус за овој концерт кој на 26 декември од 20.30 часот ќе се одржи во Големата сала на Центарот за култура во Битола.
Годинава концертот е и со мисија преку музиката да направи спој со уметноста создадена од битолските ученици вклучени во треш челинџ акцијата “Мети си со класнето” создавајќи уметнички скулптури од смет кои ќе бидат изложени во фоајето на Центарот за култура пред почетокот на овој голем концерт.