До крајот на денов времето во нашата држава ќе се задржи променливо облачно, локално ќе има услови и за сончеви периоди додека особено на североисток ќе има повремени локални врнежи од дожд на ниските, на повисоките места (околу 1000 м.н.в) како и на планините ќе има повремени врнежи од снег. Снежната граница има услови да се спушти и малку под 1000 метри.
Од утре ќе имаме претежно стабилно, суво и релативно студено време, особено наутро кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 5 степени. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.
Повторно и тоа особено на повисоките и планинските места услови за провејување на снег ќе има во четврток, и тоа особено на север и на североисток од државава. Потоа во петок повторно ќе имаме претежно стабилно и суво време, ќе продолжи да дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Според најновите информации со кој располагаме, од викендот и тоа особено од недела нашата територија ќе биде зафатена од значително постудена воздушна маса и тоа од североистокот на Европа, на некои места температурите на воздухот има услови да се спуштат до околу или малку под -15 степени и тоа наутро.
Подготви: Славчо Попоски