Затворени се сите кафичи и ресторани, обложувалници и казина. Само мал дел од бутиците работат, додека сите супермаркети и продавници за храна се отворени. Пред банките е забележан поголем ред за чекање. Интересно е да се спомене што има мала раздвиженост на битолчани од кои еден од четири носи маска за заштита.
За голема пофалба е отсуството на деца, што значи голем дел се придржуваат кон препораките и си седат дома, освен тие кои одат на работа и имаат неодложни работи за завршување.
Во битолската чаршија е забележлива истата состојба. Само мал дел од бутиците за деца и продавници работат, додека поголемиот дел е празна.
Фотографии од Филип Ивановски