КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола, како еден од најголемите работодавачи во државата и согласно препораките и насоките дадени од Владата на Република Северна Македонија во однос на спречување на појавата, раното откривање, спречување на ширењето и сузбивањето на Корона вирусот – COVID-19 и како општествено одговорна компанија воведе сет на превентивни мерки со цел зајакнување на заштитата на здравјето на луѓето и успешно спречување на ширењето на вирусот.
Како дел од планот за заштита, имплементирани се следните превентивни мерки и тоа:
1. Редовни информативни состаноци со сите вработени за важноста од следење на препораките на Светската здравствена организација како и на кризниот штаб при Владата на Република Северна Македонија
2. Интензивна комуникација со Клиничка Болница – Битола и Центарот за Јавно Здравје заради координација околу мерките кои треба да се преземаат и размена на контакт телефонски броеви од епидемиолозите кои треба да се контактираат во случај на појава на симптоми на епидемијата од Корона вирус;
3. Во соработка со Центарот за Јавно Здравје – Битола е изведена комплетна дезинфекција на сите простории во КШМК вклучувајќи ги работните површини во производствената хала посебно тоалетите, ходниците, кантината, соблекувалните и канцелариите;
4. Секојдневна координација со медицинскиот персонал од амбулантите кои се во склоп на објeктот на КШМК и обезбедување на потребниот медицински материјал неопходен за успешно справување со можни случаи на заболени;
5. Споделување на информации со надворешните соработници околу нивната обврска за подигање на нивото на хигиена и дезинфекција на сите површини и тоа:
Дезинфекција на сите автобуси и други превозни средства за трансфер на вработените од КШМК;
Набавка на бесконтактни термометри за мерење на телесната температура на сите посетители од страна на вработените во службата за обезбeдување во КШМК;
Вонредна постојана дезинфекција на површините во сите простории за подготовка на храна и подигање на хигиената на вработените на операторот со храна;
6. Воведени се посебни процедури за зачестено чистење и дезинфекција на сите предмети и површини кои се во најчест контакт со вработените од страна на хигиеничарките во социјалните простории (кантините, тоалетите, соблекувалните, местата за одмор и влезовите);
7. Поставување на средства за дезинфекција на рацете на вработените на сите производствени линии коридорите, влезовите во компанијата и кантините и поставувањена посебни сунѓери со средство за дезинфекција на обувките на сите влезови во компанијата;
8. Поставени се знаци за задолжително миење на рацете и задолжително користење на средства за дезинфекција на најфреквентните локации во објектот на КШМК;
9. Посебен режим за строго ограничено движење во кругот на КШМК на возачите на камионите кои доаѓаат од други држави;
10. Обезбедување на оптимални количини на средства за дезинфекција и медицински сапун за миење на раце на залихи кои постојано се обновуваат во зависност одпотрошувачката;
11. Откажани се сите патувања на вработени на КШМК во странство како и доаѓање на посетители од други држави во КШМК.
12. Ограничени или откажани се сите состаноци со надворешни страни, добавувачи или вршители на услуги. Дополнително, КШМК, со цел поефикасно и поефективно работење на медицинскиот персонал, обезбеди дополнителни медицински ресурси за успешно справување со Корона вирусот и истите ги донира на Клиничката болница – Битола. Донираната медицинска опрема и материјали се состои од:
Заштитни комбинезони за повеќекратна употреба на еден корисник – 100 парчиња;
Заштитни маски со FFP filter за повеќекратна употреба на еден корисник – 100 парчиња;
Заштитни наочари со странична заштита за повеќекратна заштита на еден корисник – 50 парчиња;
Средство за дезинфекција на површини (високо концентрирано) – 15 литри (за
раствор од 1500 литри).
КШМК активно ја следи состојбата и развојот на настаните поврзани со Корона вирусот и соодветно на тоа, ќе ги презема сите потребни мерки за превенција и заштита на
здравјето на луѓето. Дополнително, КШМК како компанија се приклучува и ги промовира препораките од страна на Владата и Министерство за Здравство на РСМ за заштита и превенција од
вирусот и ќе го прилагоди работењето согласно ситуацијата во државата.
КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола,
16.03.2020