„Градската поликлиника” во крајот на 1946 год. се состоела од 8 одделенија со вкупно 55 вработени лица. Челна била „Заедничката служба” со 12 вработени (управител лекар, 5 службеници. 5 прислужници и шофер). Останатите одделенија биле:
l. Општа амбуланта: 4 лекари, 4 сестри, 1 лаборант
II. Детско советувалиште: 1 лекар, 3 сестри
III. Противтуберкулозен диспанзер: 1 лекар, 3 сестри, 1 рендгенски техничар
IV. Кожно-венерична амбуланта: 1 лекар, 2 сестри
V, Гинеколошко-акушерско одделение: 1 лекар, 2 акушерки
VI. Епидемиолошка служба: 4 лекари, 2 микроскописти, 2 хигиенисти, 3 дезинфектори
VII. Забна амбуланта: 1 лекар, З асистенти, дентисти 2, заботехничари 2, асистенти 8
Непотполниот список на вработените во дел од овие установи. го открива овој состав:
Во „Противтуберкулозниот диспанзер“ во крајот на 1946 год. работеле: д-р Михаил Попов шеф; Димитрие Димитровски, рендгенски техничар; Татјана Рутјинска, службеник; Цветанка Живкова, пом. сестра и Димитар Топовски, службеник.
Во „Детскиот диспанзер работеле: Крстанка Чкатрова, сестра; Цветанка Ѓеоргиева, пом. сестра и Злата Димевска. пом сестра.
Во „Противмаларичната станица“: Александар Милев, службеник, Елена Кочова. микроскопистка и Петар Аимев Петров. службеник.
„Детскиот диспанзер“, „Противтуберкулозниот диспанзер“ и „Противмаларичната станица“, кои претходно биле дел од „ Градската поликлиника“, од 1946 год. организационо му припаднале на „Окружниот здравствен оддел“, но бидејќи истиот бил расформиран, по наредба на Министерството за народно здравје, почнувајќи од 1947 год., станале грижа за разрешување на градскиот НОО Битола.
Александар Стерјовски Јавното здравство и превентивната здравствена заштита во Битола, монографија на ЈЗУ Центар за Јавно Здравје Битола
Голема благодарност и до д-р Тони Коњановски