Здрава и вкусна варијанта на палачинки, преубави се. Од оваа количина се добиваат 10тина палачинки со дијаметар од 10тина цм.
1 јајце
1 зрела банана
120 г мелени овесни снегулки
по малку цимет и ванила
1 филџан вода или млеко
1 лажица кокосово масло
Сите состојки се блендираат во нутрибулет. Густината на добиената смеса треба да биди како за амерички палачинки. По потреба додадете вода или млеко. Како што ќе стои смесата, така ќе се згуснува зашто овесните снегуки многу впиваат течност.
На стандарден начин се пржат како америчките палачинки, користете нелепливо тавче. Јас ги пржев на кокосово масло кое им дава прекрасна арома.
Дел ги комбинирав со сируп од урми и лешници, а дел стандардно со какао крем, шлаг и лешници.
Рецепт од Гордана Аџиева – Михајловска