Битола на преминот од 2020 во 2021 година . На почетокот од Широк Сокак ќе ве пречека екипа облечена во скафанфер , со маски и визири. “Добар ден господине, да измериме температура. Аха, ок. 36,5 степени, добри сте ко за на зима” , можете да продолжите доколку на семафорот има зелена бројка која означува дека сеуште не е достигнат дозволениот број од пешаци . Ако температурата Ви е над 36,5 Ве пакуваат во целофан и во возило дирек на Клиника. Грип, настинка и слично веќе подолго време не постојат . Сега имаме друга и поопасна вирус кој се ништи со антибактериски гел или сапун за раце .
Доколку сѐ е во ред поминувате низ големата рампа која прска средство за дезинфекција . Насекаде трепкачки реклами на кои ви се сигнализира да не глумите лудило и со маската да ги покриете устата и носот , да одржувате растојание, да миете раце, да не прајте здраво и да не се гушкате .
Популарното “Здраво брат” се заменува со гестикулација “Мхмм” оддалеку единствено ако носите некоја мајца на која е вашиот лик за препознавање или позади вие напишано вашето име и презиме од Фејсбук . Вашио Прекар се препорачува најпоќе . Се движите по патека од стрелки кои се залепени на самите плочки . И не газете на црните, тие сеуште не се безбедни . Времето Ви е ограничено бидејќи се наоѓате во опасна зона која може лесно да настане контаминација . Влегувате во големиот маркет за да ги испазарите потребните намирници доколку има зелено светло дека не е исполнет бројот. Тука повторно на самиот влез Ви се мери температура , миете раце и ставате гел за дезинфекција бидејќи многу од нас ќе го прицкат лебо дали е мек или е топол и слично . Имате 10 минути за пазарење . На излегување повторно миење раце и гел. Шо си е сигурно си е сигурно . Сето тоа влегува во сметката со 5 % ддв. Да не е претерано . На улица безбројни екипи кои Ве следат и пратат како ја носите маската . Дали ја пуштате на брада или ја носите на лакто . Многу од нив се преправени како во стари баби или дедовци со бастуни кои ќе Ве караат . Казните се ригорозни и веднаш се превзема санкција на лице место . Јавното здравје пред сѐ. Времето истекува . Со звучни и светлосни сигнали добивате инструкции дека имате уште половина час за да си одите дома кога започнува Локдауно (часо како во Австралија кога сѐ се затвора и никој не смеј да е надвор) . Велиш барем за едно кафенце имаш малце време .
Седнуваш во најблискио кафич а тука ти е брате како во Шведска , Австрија или Германија , се насмејано , размуабетено , цигарче кафенце , другарство невидено . Од топлината на битолчани не се фаќа ништо лошо , може само да Ви се продолжи животот . И во најлошите времиња во историјата на нашиот град Битола , бабам Битола , тука се живот живее , тука се јаде и пие . Ние битолчани немаме гајле , долги векови сме толчени во ропство , бомби од пријателски авиони , гранати со бојни отрови од сегашните “најдобри” пријатели кои ни ветуваат мед и млеко , дури и дифтиците во Драгоро ги перевме и преживејавме .
Времето поминува и морате да ја напуштите Широк Сокаковската Зона бр.1 Запад . Ве пречекува повторно рампа која ќе Ве дезинфекцира и се упатувате во вашиот дом шо побрзо пред да настапи Локдауно .
Здраствените служби од воздух имаат поддршка од дронови и хеликоптери кои со јаки сензори и термокамери ја следат целокупната состојба за носењето на маска и држење растојание . Формирана е специјална единица која ќе биде надлежна за броење на чевли од пред вратите на домовите . За повеќе од 4 пара (8 чевли или патики) ќе има известување до надлежните за да се изврши контрола . Секој кој ќе го пријави својот сосед дека има повеќе од 4 гости дома ќе добие парична награда и тоа половина од казната која ќе ја плати . После пријавата , пријавениот сосед ќе има дојава од кој е пријавен за и тој да внимава на него и шо поскоро да му врати . Ситуацијата се менува од време на време .
За Новогодинешната луда ноќ и оваа година оправдано ќе ги нема Силви Бенд . Ќе ни се обратат онлајн преку средствата за јавно информирање со желби за добро здравје и убав живот како во Шведска или останатите ЕУ демократии .
Улицата ИлиГденска уште се прај. 200-те раскопани метри на Партизанска се веднаш после неа.
Текстот е пародија на сето ова што ни се случува, без намера некој да навреди или омаловажи. Само за забава на пошироката народна маса.