Нашите нови другарчиња, нашите битолчанчиња кои во Битола за прв пат промовираат одлична идеја, познати како ТРИЦИКЛО КАФЕ…

…Ги запрашавме шо, како, ова, она, колку луѓе се ангажирани, од каде дојде оваа идеја, која е нивната понуда, што најповеќе е барано од битолчани и ред други работи…

А тие ни одговорија вака:

“Здраво бабам битолчани, поздрав до сите и Ве очекуваме на кафенце во градскиот парк. Искрено, битолчани беа воодушевени од идејата, бидејќи за прв пат во Битола се отвори Coffee Shop од подвижен карактер и тоа на точак (трицикл), како што е и самото име, така да секој ден од самото отворање добиваме безброј пофалби. За да ја осмислиме целата ова идеjа, искрено имавме голема помош од мојот братучед Христијан Здравковски, кој што требаше да биди дел од овај проект, но не успеа поради други одредени обврски. Сега засега, работиме јас Кристи Стојановски и мојата девојка Софија Димитрович.

Во нашата понуда нудиме секаков вид на кафе, цедени сокови, ледени чаеви, безалкохолни коктели и во вечерните часови имаме и преубави благи палачинки. За нашите најмали посетители имаме и милкшејк од различни вкусови. Цените според нас се прилагодливи за нашиот стандард. Од нашата понуда не можиме да одделиме ниту еден “најкупуван” производ, бидејќи сѐ што е на менито се бара од страна на купувачите, затоа што имаме понуди за сите и за сечиј естравагантен вкус.

Битола нуди широк спектар за развој на одлична бизнис идеја. Според нас најпотребно е да се има креативност, желба за чесна работа, амбиција и најважното -голема трпеливост.

Низ Битола, имаме повеќе дозволени локации, но сега за сега сме лоцирани исклучиво во Градскиот парк кај шеталиштето бидејќи луѓето веќе се навикнаа на нас, тука, па уживаат во својата прошетка со приготвено кафенце или свежо цедено сокче од нашето Трицикло Кафе.
Битолчани се големи љубители на кафе. Често бараат “еКспресо“, а најинтересен е примерот кога ќе побараат палачинка заедно со чокофредо (кафе) :)”

Ве поздравуваме заеднички сите поздравуваме и Ве очекуваме на кафенце и палачинка❤️

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here