Предупредување: Утре е можна временска нестабилност и невреме!

од August 13, 2018 0 коментари

Веќе во текот на утрешниот вторничен ден од југ и југозапад облачноста ќе биде нешто поголема односно времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди додека веќе попладне и навечер ќе има развој на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за ретка појава на град.

Поголеми услови за вакви појави има во северната и во источната половина од државава.
Во среда особено попладне и навечер на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста локално процесите да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ.

Максималните дневни температури на воздухот како што и претходно кажавме ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени но поради релативно високата влажност во воздухот истите ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените а и времето ќе биде нешто поспарно и многу мачно.

Најверојатно со ова влегуваме во нов понестабилен период.
За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *