Претставувајќи ја нашата Македонија, нашата Битола и Pound for Pound team се враќаме дома со 11 медали од Србија Вршац во конкуренција на школи од Србија, Романија, Босна и ние од Македонија во Бразилска Џиуџицу.

Остваривме одличен успех со 4 злата, 5 сребрени и 2 бронзени медали и нашите такмичари демонстрираа борбеност, добри техники и завршници. Имајќи предвид дека во финале се сретнуваа наши исти такмичари, во една категорија наш 13 годишен член мораше поради немање конкуренција да се бори со 23 годишен борец што даде феноменална борба и изгуби тесно на поени (за нас е шампион), во плави -70 ни дадоја борец кој најмалку имаше 80 кг. итн…

Статистички требаше да имаме повеќе прваци, но што е тука е. Докажавме кои сме, што можеме и знаеме и за нас тоа не претставува проблем. Никогаш не сме љубители на пирови победи. Вистинскиот Воин сака добри борби со силни борци.

Голема благодарност до нашите спонзори кои помогнаа во дел од нашата авантура и искуство, голема благодарност до нашите БЏЏ ментори Сергио,Канудо, Зимерман и Бен Шотофер и секако нашите фанови и сите оние кои подржуваат нашиот клуб да оди напред.

Продолжуваме!

Нинџутсу Клуб Битола