Никола Зацески од Битола е дипломиран оперски пејач во Скопје, со 2 годишно искуство како Професор во Државното Музичко Училиште – Битола и ОУ Климент Охридски – Битола. Моментално живее, студира и работи во Мелбурн, Австралија.
Моментално во Австралија е познат по преработката и изведбата во живо на концертот на групата Синтезис во Мелбурн која промотивно беше објавена пред неколку дена на социјалните мрежи и YouТube.
“Чест и задоволство ми е промотивно да ја споделам со вас оваа официјална изведба и преработка на песната “Учи ме мајко, карај ме” изведена за отворањето на концертот на “Синтезис” во Мелбурн, Австралија.
Големо беше задоволството а исто така и одговорноста да се отвори еден ваков настан кога добро знаеме кој се “Синтезис” и што се имаат позади нив.
Морам да се заблагодарам до сите мои колеги и соработници, без кои ова немаше да се постигне.Феноменалната музичка група “SonikTemple” е составена со интернационални артисти од: Македонија, Чешка, Унгарија, Италија, Франција, Англија, Австралија, Ирска, Америка, Германија, Русија.. Исто така врвни музичари во својата област: Chris Cagorovski -кларинет/кавал, Alana Hunt – виолина, Sofia Chapma – хармоника, Kirri Büchler – контрабас, Jeremy Michael – гитара, Amla Las Llama – флејта, Rafal Kaczmarek – ударни, Corey Romeo – мандолина, додека
продуцент на оваа изведба беше – Горан Вељаноски во продукциската куќа “Jim-Hut Melbourne”.Сакам да искажам исто така една посебна благодарност до Сотир Стојчески, човекот кој беше најголемиот виновник за оваа турнеа на “Синтезис” во Австралија со кои поминавме еден преубав концерт и преубаво време сите заедно.
Во овој момент сакам со вас да споделам една вест која има преголемо значење за мене, а тоа е соработката со Николче Мицевски кој исто така соработува со Каролина и Нехт Тајм. Заедно со него во моментов работиме на мојот прв албум, каде за неколку месеци очекувајте ја и мојата прва песна.
Покрај овој проект Никола работи и на албум со професионални преработки. Во тој проект се уклучени голем број на артисти, продуценти и професионалци во своите области на музиката од Австралија, Македонија и пошироко. На YouTube веќе е објавен првиот ковер со Велигденскиот сплет “На Велигден” – од Џокси и “Километри” – на Лозано.
Уживајте во оваа изведба се надевам дека ќе ви се допадне вам и на вашите гледачи и слушатели, па наскоро очекувајте нешто ново.