Еве нови битолцизми шо ги кажва Кекело на радио. Се друго си пиши. Пишувам јас, Златко Самарџиев, викан Кекел, ама ако ме викаат од подалеку, тогаш викаат КЕКЕЕЕЕЛЛЛ! Здраво убај љуѓе на планетава Земја, честитки до земјата шо не крепи вакви какви шо сне! Битолцизми ти се зборој шо се користат само во Битола. Добро де, можи не само и само во Битола, ама само битолчани можат да ги разберат вака ко шо се. Опремата е редакциска.

Ногумина знат шо е ЧАКМАК, демект запалка и ЧИКМАК – тесна, слепа уличка ( и овие од дигиталнио речник врска немат!). Патем, чикмак на турски значи „излез

ЧЕЛИКЧОМАК

Игра за деца (и за малку поголеми деца). Во потребните реквизити спаѓат: Стап околу метро долг (чомак) и помало стапче од една педа, шо се вика челик. Идеално чомако е да биди од дрвена рачка од метла, само да пазиш да не те фати чистачката. Помалото стапче, челико, на крајојте не е рамно, туку закосено, најубо под 45 степен. Челико се клава на земја, можи еднио крај да биди и со камче/тулче поткренат. Со големио стап се удира по него. Удреното стапче отскокнува вертикално, се крева во ваздух, ротира. Мајсторијата е тој шо го чукнал малио со големио, да го зачука уште еднаш додека е во воздух, па според сите правила на физиката, малото стапче ќе оди толку далеку, правопропорционално на силата применета врз него. Се бројат ударите во воздух, по 100 секој и метрата во далечина.

Играт две групи или најмалку двајца. Се полнува со чинвање: „Падна бомба од небето па удари баба меца, тече гној, тече крв, кој излезе тој е прф“ или некоја друга чинвалка, со нагазвање на пример. Тој шо победва во чинвањето, мава прф. Противнико се обидва да го фати челико дури е во ваздухо, ама ако го перни, ногу боли. От ко ќе го фати, тогаш другата екипа ги зема челико и чомако и тие мават. Во резултато не се бројат скршени џамој и оштетени возила.

Ах да, некогаш ЧОМАК се користи неправилно, во обратна смисла, дали од незнање или оти така поубо звучи – за некои кои се пониски во расто. На пример, ко деца, Не мојш ти да ги стигниш черешните, ко чомак си. Чекај ние ќе собериме и за тебе (само да не те фати стопано на черешната).

ЧАЉО

Битолски бељотски израз. Од играта БЕЉОТ. Знајте стопосто дека БЕЉОТО се игра во Битола, Загреб и Париз?

Играта се учи со гледање и слушање на поискусните играчи. Најмалку три години за почеток, и уште цел живот за доусовршвање. Има безброј комбинации. Е сеа, ЧАЉО во бељото значи дека не си собрал карти, ич немаш рака земено. Голема срамота е то. Најако е шо отпосле на сите им кажваш како си ги напрајл чаљо противниците: „Ја зедов на спато. Убај карти имаф, ама гола купа банка. Глеам ортако не ми враќа на црно, ама и не цака. Ексизијан, ојдоф до крај, а тие па глупите, кецо купа го фрлија уше на петта рака…“

Во секојдневието се користи кога немаш пари: „Ај бе дојме на кафе? Немом брат, чаљо сум“. Или некој излегва со женска, ама ако не му излезат планојте, ко ќе го прашат како помина, ќе речи: „Чаљо брат, остај не прашвај“

ПЕМПЕРЕ

Можи да означва разни предмети кои ти се непознати, или не ти текнува одма името како се викат.

– Го гледаш бе она?

– Кое бе?

– Она пемперето шо штрчи.

Во други градој користат ТАКВОТО, ОНАКВОТО, ОНОА ШО СЕ ОНАДЕ.

Златко Самарџиев Кекел за Плагијат