Неделни графикони за квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола за периодот од 04.11.2019 до 10.11.2019 година.
Неделните извештаи се прикажани според одделните параметри PM10, PM2.5 и PM1 и според локациите на кои има поставено сензор за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух. Целта за објавувањето на овие Извештаи е од една страна, граѓаните да можат да се информираат за мерењата на сензорите во областа каде што живеат, а од друга страна, надлежните да можат да ги анализираат и да носат заклучоци за тоа какви мерки ќе превземат за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола.
Според анализата на овие графикони може да се забележи дека во измината недела нивото на загаденост имаше драстично зголемување во Понеделникот попладнето за да почне да се спушта на пониско ниво во деновите Вторник, Среда и Четврток, а во попладневните часови во Петок, Сабота (најголемо зголемување на мерната станица во Јени маале дури до 374 mg/m3) и Недела. Мерните станици во Бадембалари, Јени Маале и Дрвен пазар беа со повисоки вредности, а Декорпод и Новачки пат со релативно пониски вредности. Покачувањето на вредностите на параметрите е забелажано во утринските и вечерните часови после 17:00 часот. Секој од Вас може да си направи сопствена анализа врз база на овие графикони и да се информира каков воздух дишел во изминатата недела.
Моменталните вредности и предвидувањата за наредните 24 часа можете да ги следите на: https://airly.eu/map/en/ или на мобилната апликација:
Android: https://play.google.com/store/apps/details…
iOS: https://itunes.apple.com/us/app/airly/id1283400152
Сите дишеме ист воздух 📈📊📉