Неделни графикони за квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола за периодот од 21.10.2019 до 27.10.2019 година.

Неделните извештаи се прикажани според одделните параметри PM10, PM2.5 и PM1 и според локациите на кои има поставено сензор за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух. Целта за објавувањето на овие Извештаи е од една страна, граѓаните да можат да се информираат за мерењата на сензорите во областа каде што живеат, а од друга страна, надлежните да можат да ги анализираат и да носат заклучоци за тоа какви мерки ќе превземат за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола.

Според анализата на овие графикони може да се забележи дека во измината недела нивото на загаденост се спушти на пониско ниво во деновите Среда, Четврток и Петок (со исклучок на некои пикови на мерната станица во Бадембалари) за вчера Недела драстично да порасне особено во вечерните часови. Мерните станици во Бадембалари, Јени Маале и Новачки пат беа со повисоки вредности, а Декорпод и Областа со релативно пониски вредности. Покачувањето на вредностите на параметрите е забелажано во утринските и вечерните часови. Секој од Вас може да си направи сопствена анализа врз база на овие графикони и да се информира каков воздух дишел во изминатата недела.

Моменталните вредности и предвидувањата за наредните 24 часа можете да ги следите на: https://airly.eu/map/en/ или на мобилната апликација:

Android: https://play.google.com/store/apps/details

iOS: https://itunes.apple.com/us/app/airly/id1283400152

Сите дишеме ист воздух 📈📊📉

ПЛАТФОРМА ЗЕМИ ЗДИВ