Во Битола и битолско под влијание на изразено југозападно и западно воздушно струење за време на викендот и тоа особено во недела ќе предизвика нагло и ЗНАЧИТЕЛНО покачување на температурите на воздухот па така максимумот на температурите на воздухот највисоки ќе бидат во недела кога ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.
Поради релативно високата влажност во воздухот, но и очекуваниот транспорт на прашина и на песок од Сахара температурите на воздухот ќе се чувствуваат повисоки од реално измерените, а и времето ќе се осеќа доста мачно и спарно што многу лошо ќе влијае врз граѓаните особено врз метеопатите.
Токму поради ова во текот на денешниот ден ќе издадеме ВОНРЕДНА БИОМЕТЕОРОЛОШКА ПРОГНОЗА.

Пад на температурите на воздухот и дастабилизација на времето (враќање на ФЛОРИЈАН) ќе има веќе од самиот почеток на следната недела, но за ова детална и по потреба обновена анализа следува наскоро.
Да напоменеме дека денес (четврток) локално ќе има повеќе облачност и услови за слаб локален дожд и услови за ретки грмежи. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.