Почитувани граѓани по ваше барање излегуваме со детална анализа на време за до крајот на оваа како и за во текот на следната недела.
Според моменталните анализи со кој ние располагаме циклонот ФЛОРИЈАН нема намера да ја напушти нашата територија што значи нестабилното време со почести врнежи на повеќе места, грмежи и засилување на ветерот ќе продолжи до крајот на оваа и следната недела.
Моментално гледано помали услови за нестабилност има само во сабота.
За време на овој период кој го напоменавме локално е можно локално НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.
Што се однесува пак до температурите на воздухот истите понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени додека во текот на следната недела ќе има извесно зголемување на истите и ќе се искачуваат во интервалот некаде од 30 до 37, 38 степени што не е ништо екстремно.
ЗАКЛУЧОК НА СЕТО ОВА: На видик нема стабилизација на времето и вистинско лето со прекрасни сончеви и стабилни денови.
За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.