oznorWO_vivi

Уште во 2016/2017 година екипата на ИФФК БРАЌА МАНАКИ имале во план да ја поканат големата италијанска филмска дива Моника Белучи и Емир Кустурица за наредното издание на фестивалот во Битола. Но, поради промена на тогашниот директор тоа не се случи и Моника не стапна на Широк Сокак. Во весникот ВЕСТ од 2016 г. беше пренесена неговата изјава:

Ќе треба да направите сè што е во Ваша моќ да се оствари доаѓањето на главната ѕвезда за годинашното издание – Моника Белучи, како и концертот на Емир Кустурица, кој требаше да гостува со својот бенд и најнов филм, му порача вчера Димитар Николов Таки, разрешениот директор на фестивалот „Браќа Манаки“, на завчера назначениот наследник
Благоја Куновски -Доре.

Моника Ана Марија Белучи е италијанска актерка и модел. Таа ја започна својата кариера како моден модел, моделирање на Долче и Габана и Диор, пред да направи транзиција кон италијански филмови, а подоцна и американски филмови и француски филмови.

Родена на денешен ден 30.09.1964 г. Моника сѐ уште ни остана една неостварена желба да ја посети Битола и разубави нашиот Широк Сокак.

Фото весник Вест