Денес во 11:00 часот во Пациото на НУ Завод и Музеј Битола во организација на Платформа ЗЕМИ ЗДИВ и граѓанската иницијатива Битола на Точак и Младинска Асоцијација ИМКА се организира јавната дискусија на тема Битола вело град во еден мандат.
Во рамките на проектот Европска недела на мобилност кој е делумно поддржан од Општина Битола ја организиравме оваа јавна дискусија со кандидатите за Градоначалник на Битола.
Настанот имаше за цел да отвори дискусија со цел да ги идентификуваме и продискутираме досегашните предизвици кои доведоа Битола и по толку години да не може да реализира велосипедска инфраструктура, како и можни решенија за истите. Кандидатите за Градоначалник имаа можност да се претстават и да ги продискутираат плановите и стратегиите за изградба на велосипедска инфраструктура како клучен предуслов во насока на градење на еден похуман и побезбеден град со фокус на ранливите категории учесници во сообраќајот во кои спаѓаат граѓаните кои се движат пешки, со велосипеди, родители со колички со деца, деца самостојно, лица со помагала поради физички попречености и слично, а воедно и со цел поттикнување на алтернативните и одржливите начини на движење низ град со велосипеди.