Младиот и талентиран Томислав Атанасовски (8) од Битола кој е одличен ученик во ОУ “Коле Канински” III 2 одделение, благодарение на неговата голема желба за цртање и вроден талент уште од мали нозе започнува да нижи многубројни признанија, благодарници и награди.Едни од позначајните успеси се со одделенската учителка Ирена Богдановска за креирање борд едукативна игра на натпреварот организиран по повод 70 години НАТО.Го освојува и второто место за Макета на тема “КУЛТУРА ВО СООБРАЌАЈОТ“ од ОСБСП-Битола, а пред некој ден и трето место од НЛБ Банка на тема: Штедење и истражување на убавините на нашата земја.Покрај цртањето негова голема љубов е да прави карактери (личности) од пластелин и да се дружи со другарчињата. Има желба да стани голем цртач ист како неговиот татко Ѓорги Атанасовски.Од нас едно големо браво за неговите успеси и награди, а ние секогаш ќе бидеме тука како поддршка на младите битолски таленти.