Мирсат Мухединов од населба Баир е битолчанецот кој пред некој месец започна да се грижи за чистотата на обиколницата и неколку годишниот проблем кој навистина беше проблем бр. 1 за Битола и возилата кои сообраќаат на ова делница. Роден e на 13.7.1980 г. и е со завршено основно образование.
“Како дете живеев во Нова Битола на улица Димче Лахчански и поради тоа што бевме повеќе деца (4} татко ми се одлучи да го продаде станот и да купи куќа за сите во населбата Баир.
Од мали нозе сме задоени дека треба да биде се под конец, уредно и чисто. Во зградата каде што живеевме имавме едно место на средина од зградата кое го викавме ѓубралник и само таму се фрлаше ѓубрето. Еднаш неделно доаѓаше камион и цело го превземаа. Потоа донесоа контењери и се беше уредно и чисто. Баш “ТОА” со себе го донесов и тука на Бајро. Чувството е многу добро кога работиш за иднината на своите деца и мојата фамилија и со тоа допринесуваш за доброто на сите и животната средина.
Секоја слика за успешна работа е моја среќа за која самиот сакам несебично да си се пофалам.
За чистењето на обиколницата сум ангажиран околу 7 саати дневно и има доволно работа.
Мојте сограѓани имаат голема
доверба во мене и ме знаат дека
сум вреден работник, но што да прават кога нема каде да го фрлаат ѓубрето, а тука на патот е најпристапно тоа да се земе. За конкретно решение е потребно повеќе време и напор за да се реши овој проблем кој веќе долги години е присутен тука.
Односот со моите комшии е супер. Истотака ја добивам и нивната поддршка бидејќи си живееме многу добро и се надевам дека нема да прават да имам многу *работа*.
Мојата желба е да се запознаат граѓаните на Битола со мене и мојата нова и благородна работа, да си продолжам да го одржувам реонот чист бидејќи хигиена треба да има за сите нас, а тоа е добро за сите и за нашите дечина.
Бидејќи тој пат е обиколница и на него сообраќаат многу возила, мојата мисија е и да се спречи да не дојде до некои несакани последици, патот да биди чист и безбеден за возачите.
Искажувам голема благодарност до градските власти и ЈП Комуналец кои ми дадоа шанса за на еден хуман и човечки начин да можам да се докажам за доброто на нашиот град каде живеам. Ве поздравувам и вас кои ме читате”
… на крајот ни дополни Мирсат за што го поздравуваме и ние и му даваме една мала поддршка од нас за сето тоа што го прави…
Фотографии испратени лично од него