На 02.11.2019 нашиот гладијатор Ристо Димитров Чурино ќе ја има втората профи борба во ММА за оваа година.
По победата во Насице, Република Хрватска доби шанса за борба за шампионски појас на “Baraber Fight Night” во Белисце, исто така Република Хрватска.
Ова е нивно трето издание и сега ја ставија неговата борба за главна борба и тој ќе се бори за нивниот појас.

Се спремам во UFC GYM Oman и наскоро заминувам Тајланд на припреми во Тигер Муаy Тхаи, па се враќам во Македонија во мојот матичен клуб на припрема со мојот тим под видство на мојот заменик и партнер Александар Петковски Аки и со тимот од КБК “ЕНЕРЏИ” под водство на најдобриот кикбоксер во Македонија Александар Димовски Димса.

Се надевам дека припремите ќе поминат без проблеми. Ќе дадам се од себе за да се припремам добро и ќе се покажам во најдобро светло во Хрватска и ќе го донесам и вториот појас во нашиот град и првиот во Оман.

Благодарам многу за отстапеното место на вашиот портал и благодарам за несебичната поддршка што секогаш ми ја давате.
Веќе донесов еден појас во Битола и сега да го донесеме и вториот за Битола и за Македонија!