Битолско минато

Со ПЕТ(АР) ВО ПЕТ(ОК)
Петар Ставрев

Специјално за „Бабам Битола“

Само два дена по ослободувањето на Битола група поранешни хористи и љубители на хорското пеење одржаа концерт во чест од победата на фашизмот и ослободувањето на градот. Нешто подоцна новоформираното Културно-уметничко друштво го доби името по Народниот херој Стив Наумов. Се заредија концерти, настапи во земјата и странство не само со хорското пеење, туку и со другите формирани секции.

Управувањето со Друштвото го раководеа истакнати политички и културни работници, а диригирањето многу професионални и способни музичари. Меѓу познатите диригенти беше професорот, виолончелист и забележан диригент Милан Спиридонов.

За неговиот животен и музички пат еве што ни изнесе неговата ќерка Јованка Атанасовска-пензиониран просветен работник.

Милан Спиридонов бил роден во 1913 г. во Трнава-Чехословачка од мајка Хедвига и татко Милич од Вршац. Од својата 13 годишна возраст е питомец во Воената музичка школа во Загреб, каде и завршува музичка академија и работи како воен питомец во Загреб и Белград, а потоа во Москва е на специјализација. Toj е активен учесник во НОБ од 1942 г. а е ангажиран како капелник на воената музика при Штабот на НОБ. По завршување на Војната како капетан прва класа работи во Белград, а со супругата Даринка ги доби ќерките: Лилјана и Јованка.

Во 1954 г. по лично барање доаѓа на служба во Битола, одбивајќи ја понудата да отиде во Љубљана. Милан Спиридонов како професор работи во Учителската школа „Браќа Миладиновци“, диригира со мандолинскиот и хорскиот ансамбл во КУД „Стив Наумов“.

Почина на 73 годишна возраст во 1985 г. но, засекогаш се вброи во значајните личности кои со своето успешно работење ги постигна КУД „Стив Наумов“ во кое покрај Спиридонов продефилираа многу познати диригенти, инструменталисти и хористи.

.