Меки како душа, превкусни кифли кои се топат в уста. Едноставен рецепт без многу работа, пробајте!

Состојки

1 свеж квасец

150 мл јогурт

150 мл млеко

90 мл масло

1 лажиче сол

1,5 лажиче шеќер

1 јајце

600-700 г брашно

трошка прашок за пециво

1 жолчка со 1 лажица млеко и малку сусам за премачкување

Фил: 400 г изварка помешана со 1 белка

Припрема Во топлото млеко се раствора квасецот и шеќерот.
Потоа во вангла се додава пецивото, солта, јајцето, јогуртот и маслото. Измешајте со лажица и постепено почнете да додавате просеано брашно и да
месите. Треба да добиете мазно и нелепливо тесто. Оставете го тестото 1 час покриено на топло. Потоа го делиме на два дела. Од секој дел сучиме кора. Сечељето на кората ќе биди во зависност каква форма на кифлички сакаме (види слика).
Се става од филот и се завиткуваат во ролни. Подготвените кифли ги редиме во плех обложен со хартија за печење, ги премачкуваме со изматена жолчка со млеко и посипуваме сусам. Оставаме на топло 30тина минути да одморат. Ги печиме во загреана рерна на 180-200 с околу 20-25 минути. После печење премачкајте ги со сосема малку растопен путер.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here