Рецепт за меки и вкусни ќофтиња кој можи да ви послужи како идеја за денешниот ручек.

Состојки:

600 гр мешано мелено месо
2 јајца
100 ml минерална вода
2 лажици брашно
2 лажици презла
1/2 лажиче прашок за пециво
1 мал сецкан кромид
4 сецкани чешниња од лук
свежо сецкан магдонос
1 лажица вегета
1/2 лажиче црн пипер
масло за пржење по потреба

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки заедно, месете кратко со рака и ставете ја смесата во фрижидер околу половина час или повеќе.
Со намастени раце, формирајте мали ќофтиња и ставете ги да се пржат во жешко масло додека не се испржат убаво од двете страни.
Наредете ги ќофтињата на кујнска хартија после пржењето за да се апсорбира вишокот маснотии.

www.macedoniancuisine.com