Тимот на Extreme Bike Team Битола минатата недела учествуваше на Урбан Доунхил натпревар во Ѓирокастер, Албанија кој вооедно беше и последната трка на меѓународно ниво за нив за оваа сезона.

Нашите битолчани се покажаа во вистинско светло и тоа Јовче Даскаловски второ место во категоријата Men Elite, Александар Фидановски трето место во истата категорија, додека Бобан Петковски второ место во категоријата Masters.

Ова се одлични резултати и високи постигнувања за нашите битолчани на трка од ваков ранк. Екипата продолжува со непрекинати тренинзи за наредната сезона која ќе биди вистински адреналински предизвик за нив како што ни пренесуваат.

Искажуваат голема благодарност до нивните спонзори и тоа
1.Bright Box програмерско студио Битола
2.Оркестар Фаворити Битола
3. Бурбон Паб Битола
4. Камарите Битола
5. Пекара Булевар Битола
6 . Зага Продукција
7 . Хамачи Стил

Повелете и видео од спустот во Ѓирокастер

Браво битолчани!