За време на овој викенд ќе има продор на постуден воздух од север со што ќе започне да дува умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува на интензитет.
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, локално, и тоа особено во сабота, покрај ова ќе има и локални послаби врнежи од дожд а има услови и за локална помала нестабилност со ретки грмежи.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 утре (сабота) додека во недела ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени, за Битола до 23.
Веќе од недела попладне и навечер поради продор на значително постуден воздух од север температурите на воздухот значително ќе опаднат, дури за 10-тина степени, а ќе има и повремени локални врнежи од дожд кои на локално ќе бидат нешто поинтензивни односно со умерен интензитет и ќе продолжат и во понеделник.
Поради позначителното заладување на повисоките планини ќе има и провејување на снег.
Максималните дневни температури на воздухот веќе во понеделник ќе бележат тенденција на голем пад и ќе се искачуваат во интервалот само од 11 до 17 степени.