Вкупно 37 мото крос возачи, од кои 27 од Македонија и 10 од Грција, изминатиот викенд учествуваа на првата меморијална трка организирана на патеката „Милци“ крај Гевгелија, а по повод една година од прераната смрт на Мирче Ќорнаков, шесткратниот првак на Македонија во мотокрос.
Мото клубот кој го носи неговото име, заедно со општина Гевгелија, Мотул од Скопје и неговите пријатели и мотокросисти од Гевгелија, го организираа овој натпревар натпревар на омилената патека на Мирче, „ Милци“ крај Гевгелија каде нашиот битолчанец Зоран Каранфиловски Ќаме кој го освои второто место во МХ3 категорија и си ја доби својата плакета и благодарница со ваучер од Мотул со вредност од 1500 денари…
Честитки од нас и големо браво Ќаме!