Не дека другите се полоши или поарни, но ете битолчанките се наши и од нас малку на кратко да си ја опишеме моменталната состојба. Ако си имаш битолчанка:

  • Ќе си бидеш горд и благословен, бидејќи секој ден ќе се крстиш шо те најде. (ова можи да го сфатите и така и така😃)
  • Чупето ќе си биде за мерак и несредена никако не излегва од дома. Нема шанси да те усрами.
  • Ќе си бидеш ќефлија дека имаш граЦка мома, од најградскио град на свето, од Битола.
  • Секоја лага или невистина кажана за неа можи да се искористи против тебе и тоа ќе биди како казна спомната на заеднички ручек пред твојте или нејзините.
  • Везден си ја гушкаш, бацваш, проблеми нема да ти прај. Ќе му фантазираш дека се ближи дено кога ќимаме затворен базен, а голем е Госпо ќе дај и аеродром.
  • Не му треба многу за убаф провод, скромна е и за мерак. Доволно и е едно кафе од 10 денари од кафемат со вечерен поглед над Битола од кај Тунело.
  • Чупето е тешко да го најш. На Фејсбук и Инстаграм има само чудна кавер слика и по некој познат твој пријател. Можиш само слика од хороскопски знак да видиш тетовирана на нејзината рака или нога, и така да провериш дали си одговарате. Другото ти е братче сѐ на среќа.
  • Легендата вели дека битолчани уште од помали си ги фаќат правите битолчанки за озбилно.
  • Ако имаш можност одма да си купиш машина за пајнци, комбинирана машина за перење и сушење, по можност и за пеглање, автоматска (роботска) правосмукалка за метење, смарт телевизор, светлечки тела со гласовни команди и шпорет со фејсбук за уште од старт со неа да си имате повеќе време. Ако немаш шо маж си ти, пу јазк.
  • Битолчанките се посебна врста на чупиња и зато ниту еден од нас не излегол на крај со нив. Се друго можи да се измисли или дотера. Да ни се здрави и живи.
  • СРЕЌА Е ДА СИ ИМАШ БИТОЛЧАНКА ❤️