На неколку локации во битолското централно подрачје од страна на независната група на Поинаку за битолчани е поставена ЈАВНА ЕКО АНКЕТА каде со културно оставање на нивниот отпушок ќе покажат што сакаат најмогу одбирајќи помеѓу:

  • Зимско Летен Туристички Центар на Пелистер,
  • Чист воздух за Битола,
  • Велосипедски патеки,
  • Реконструирани улици или
  • Модерен Спортски Комплекс.

Голема група на битолчани го покажаа нивното воодушевување на нивната фејсбук фан страна на ПОИНАКУ и ја поздравија оваа креативна идеја која е и за решавање на проблемот со отпушоците и за испитување на јавното мислење со посочување дека ова можат да го направат само ВИСТИНСКИ БИТОЛЧАНИ.

БРАВО И ОД НАС👏👏👏… и не фрлајте отпушоци по улици, ГЛАСАЈТЕ!